Шефот на водечката државна кинеска фармацевтска компанија СиноФарм рече дека нивната вакцина за корона вирусот ќе биде комерцијално достапна до крајот на годинава. Претседателот на СиноФарм, Лиу Џингџен, изјави за кинескиот весник на Комунистичката партија дека вакцината би чинела помалку од 1.000 јуани (140 американски долари) и ќе биде дадена двапати со интервал од 28 дена.
Според него, ќе биде неопходно за студентите и работниците во поголемите градови да ја добијат вакцината, но не и оние што живеат во ретко населените рурални области.
„Не треба сите 1,4 милијарди луѓе во нашата земја да ја добијат вакцината“, рече тој во интервјуто објавено денес во „Гуангминг Дејли“.
СиноФарм во моментов тестира две вакцини и има годишен капацитет на производство од 220 милиони дози, рече Лиу.
Лиу, кој истовремено е секретар на Комунистичката партија на компанијата, изјави за весникот дека ја примил вакцината.
Преземено од: http://rs.n1info.com/