Како да бидете подобри кон себе, но и кон останатите? – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 10:15 PM

Како да бидете подобри кон себе, но и кон останатите?

Светот се соочува со глобален проблем и како таков, од нас бара да го промениме своето однесување на подобро. Сосема е разбирливо ако во извесни моменти се чувствувате поразено или демотивирано, но постојат работи што можете да ги направите за си помогнете на себе пред се’, но и на другите околу вас – преку потпишување петиции, волонтирање или донирање пари во хуманитарни цели.

Можете да ги потсетувате луѓето околу вас да држат социјална дисанца. Потрудете се да бидете пољубезни, посмирени и поотворени. Во моментт кога ќе направите нешто убаво за некој друг, при тоа не очекувајќи ништо за возврат, го правите светот подобро место за живеење. Што е уште пофасцинантно, добрината е „заразна“ и  таа може да се случи кога најмалку се надевате.

Еден од најмоќните начини за да помогнете некому е да покажете доза разбрање, поддршка и љубезност. Кога ќе ја забележите среќата во очите на другиот и вие во моментот ќе се почувствувате посреќно.

Бидете љубезни кон себе

За да бидете добри кон другите, треба да почнете од себе. За да манифестирате добрина, прво мора да ја подарите на себе Како ќе го изведете тоа? Всушност, лесно е. Простете си себеси за грешките од минатото за да им простите и на останатите.

Упатете некому искрен комплимент

Комплиментите се реткост во ова современо живеење. Кога последно сте упатиле некому искрен комплимент? Се сеќавате ли на времињата кога некој ваш близок ви давал комплименти кога сте правеле промени во изгледот? Сетете се како сте се чувствувале тогаш. Сепак, правете разлика меѓу суптилните комплименти и ласкањето. Додека второто може да направи соговорникот да се посомнева во вашите зборови, првото јасно покажува дека ги забележувате неговите способности.

Донирајте пари за нешто во што верувате

Постојат многу начини на кои може да им помогнете на најзагрозените. Независно дали се работи за донирање пари за рурален развој, за операција на некој болен или за подобрување на условите во некое училиште, целта е единствена. Доколку никој од вашето опкружување не прави ништо слично, занемарете го тоа, бидејќи така го поддржувате она во што верувате.

Собирајте отпадоци

Свеста за неопходноста на чистотата се’ уште не е доволно голема. Иако се работи на тоа сите да станат свесни за својата улога во загадувањето, вие може да дадете мал придонес со тоа што ќе ги соберете отпадоците на улицата. Сепак, не се работи за некој „туѓ“ туку за „наш“ отпад. Нашите реки, езера, мориња и планини се загрозени кога отпадот се фрла по улиците, особено кога се работи за пластика.

Насмејте некого без некој поголем повод

Направете му го денот поубав некому што ви е важен, па и некому кој штотуку сте го запознале. Насмејте го. Во секој од нас лежи мал шегаџија и навистина не е потребно многу за да се измами насмевка на нечие лице. Смеењето е добро за душата, како за вашата, така и за на останатите.

 

Извор: Pure Wow