Мини палачинки што ги полудеа жените ширум светот – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 9:00 AM

Мини палачинки што ги полудеа жените ширум светот

Рецепт за мини палачинки за кои жените ширум светот се воодушевени  сешири на Интернет. Можете да ги направите и вие и еве како:

Потребни состојки:

– половина чаша брашно – 1 лажичка шеќер – половина лажичка прашок за пециво – половина чаша млеко (или млеко од билки замена за него) – 1 јајце, масло за тавата.

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не добиете изедначена смеса подебела од вообичаената за палачинки. Оставете ја смесата да отстои неколку минути. Со шприц за торта, со смесата формирајте мали кругови на подмачканата тава. Оставете доволно слободен простор помеѓу нив во тавата.

Печете ги палачинките од едната страна додека меурчињата целосно не исчезнат од површината. Бидејќи ова се мали палачинки, имајте на ум дека тие ќе се печат многу брзо, а не како класични палачинки. Откако ќе ги свртите од другата страна, печете ги  уште 30 секунди до максимум минута.

Послужете ги палачинките како што послужувате овесни снегулки. Додадете го полнењето по желба и тоа е тоа.