Осаменоста во бракот е честа појава. Кога сте запловиле во брачните води можеби сте мислеле дека тоа е лулка на мирот и сигурноста во која со партнерот ќе делите и добри и лоши мисли и чувства. Можеби било така, но потоа сте почнале да чувствувате осаменост и да не наоѓате заеднички јазик со брачниот другар.
Одредени истражувања покажуваат дека третина од луѓето во брак сметаат дека се осамени. Исто така, се покажало дека жените што се социјално поактивни се помалку осамени, бидејќи дружбите со пријателите ја намалуваат осаменоста. Децата исто така може да бидат од полза во оваа насока, но кога децата ќе пораснат вишокот слободно време партнерите не знаат како да го пополнат, имаат чувство дека веќе не постојат заеднички теми за разговор.
Меѓу причините за осаменост се вборјуваат и големите и разноразни очекувања од партнерот, кои доколку не се реализираат, создаваат неудобност.
За убав однос секогаш се потребни двајца, па затоа кога комуникацијата се прекинува односот со партнерот не е лесен. Психолозите истакнуваат дека е прилично тешко да се признае осаменоста во бракот. Потребно е да се размисли во што е проблемот, што се очекува од партнерот, но и какви се неговите можности за тоа да се оствари. Потоа треба и да се разговара, да се сослууша партнерот и да се продре во неговите чувства.
Доколку меѓусебниот разговор не помага, треба да се побара совет од стручно лице. Кога постои добра волја и желба да се остане во тој брак, кога љубовта е „лепакот“ што ве спојува со партнерот и покрај проблемите, осаменоста ќе се надмине и ќе се дојде до поголема среќа во брачната врска.
Извор: dominomagazin.com