Давид Силва ќе добие статуа на „Етихад“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 6:46 PM

Давид Силва ќе добие статуа на „Етихад“

После една цела деценија, 436 настапи и 11 трофеи со Манчестер Сити, Давид Силва летово реши да не го продолжи договорот и да ја промени средината. Во времето поминато на „Етихад“, Давид Силва беше еден од главните мотори на секој тим и на секој тренер и една од главните причини за неверојатниот успон на Манчестер Сити и освојувањето на многуте трофеи.

Дека клубот од синиот град на Манчестер не заборава и ги вреднува високо годините на Силва поминати во Сити, ни кажуваат и последните информации од Англија во кои се споменува дека Давид Силва ќе добие статуа на стадионот. Покрај статуата, еден од тренинг терените на Манчестер Сити ќе го носи неговото име.

Триесет и четиригодишниот Силва последниот натпревар за Сити го имаше во четвртфиналето против Лион во Лигата на Шампионите. Тоа за него беше 436 појавување во светло-синиот дрес, за кого донесе четири премиерлигашки титули, пет Лига Купови и два ФА Купови. За жал, трофејот од Лигата на Шампионите, Силва ќе мора да го брка со некоја друга екипа.

-Давид Силва е играч кој трансформира, тивок лидер, кој така се однесуваше на терен и ги инспирираше сите околу него. Есенцијален дел во импелементацијата на оваа прекрасна фудбалска филозофија во нашиот клуб, изјави претседателот на Манчестер Сити, Калдон Ал Мубарак.

Шпанскиот интернационалец е вториот фудбалер во историјата на клубот што ќе има статуа на стадионот. Винсент Компани, поранешниот капитен на Сити, кој токму денес и ја заврши својата играчка кариера, минатата година на идентичен начин беше почестен од клубот во кој остави силен печат.