Судијата, Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април.
Од судот за Македонската информативна агенција потврдуваат дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.
Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.
Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се поранешениот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници…