На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/18 3:11 PM

На обвинетите од 27 април ќе им суди Добрила Кацарска

Судијата, Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април.

Од судот за Македонската информативна агенција потврдуваат дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.

Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.

Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се поранешениот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници…