Единствениот македонски Елвис Присли во карантин- Стопирано снимањето на документарецот за Ване Црнгаров во Мелбурн – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 4:52 PM

Единствениот македонски Елвис Присли во карантин- Стопирано снимањето на документарецот за Ване Црнгаров во Мелбурн

Ване Црнгаров од струмичкото село Куклиш, попознат во светот како единствениот македонски Елвис Присли е во карантин. Тој со семејството, сопругата Лиз и ќерките живее во Мелбурн, Австралија, каде државата Викторија поради ширење на корона вирусот воведе полициски час. Пандемијата поради корона вирусот, која веќе шест месеци не може да се стави под контрола го прекина снимањето на документарниот филм за него  „Ветена земја“, кој премиерно треба да се прикаже на телевизијата Ал Џезеира.

-Скоро 90 проценти од снимањето на документарецот е завршено, а остатокот се прекина поради пандемијата. Минатата година во Македонија  беше снимен поголемиот дел, а остатокот што требаше да се заврши во Мелбурн засега е стагнирано. Се надевам дека рестрикциите поради пандемијата наскоро да завршат па да се комплетира материјалот,  рече Ване за mms.mk.

Документарецот, кој ќе се вика „Ветена земја“,  го опишува животот на македонскиот  Елвис Присли, од неговото раѓање во Куклиш, до преселбата во Мелбурн, учеството на фестивалите посветени на големата ѕвезда каде се избира најавтентичниот Елвис, па гостувањето низ светските телевизии и секако неговата љубов кон музиката.

-Документарниот филм го снима Го снима Дејан Милошевски, тој е режисер. Минатата година додека бев со семејството во Македонија се снимаше на неколку локации во Скопје, во Свети Николе во Струмица, во Куклиш,  и секако требаше да заврши во Мелбурн. Поради пандемијата екипата од Скопје не беше во можност да дојде во Австралија, па беше договорено екипа од Сиднеј да дојде да ги сними завршните кадри. Но, сега ниту таа екипа не може да дојде бидејќи државата Викторија, каде што е Мелбурн воведе рестриктивни мерки и полициски час и затоа во моментов е прекинато снимањето. Среќен сум што оваа приказна се екранизира и ќе биде прикажана на фестивали за документарни филмови, вели Ване.

Ниту тој, ниту, пак, екипата не се откажуваат од завршување на снимањето, бидејќи Ване е уникатен лик, чија животна приказна почнува уште од мал, со хармониката, потоа снимањето авторки македонски фолк песни, а има снимено и албум со најголемите хитови на Елвис. Ване е интересен и за светската јавност бидејќи беше дел и од актерската екипа  на филмот „Знаење“, во главната улога ја игра холивудскиот актер  Неколас Кејџ, а се снимаше во Австралија.

Весна Миленковска

А денес на 43 години од смртта на кралот на рокенролот, Елвис Присли, Ване вели дека седи дома во карантин ги пее неговите песни и се присетува кога беше дел од светскиот фестивал во неговото родно место, каде копии на кралот се натпреваруваа со негови песни и костуми како неговите, за што поголема автентичност.

https://www.instagram.com/p/B-PhFlknjmR/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/CD7PAi2D6Qw/?utm_source=ig_embed