Холандскиот службеник во Москва, Доминик Кухлинг-Бејкер, добил покана за разговорв во руското Министерство за надворешни работи затоа што во возилото на руското воно аташе во Хаг е пронајдена шпионска опрема.
„Руското Министерство за надворешни работи поднесе одлучувачки протест кај холандскиот амбасадор затоа што е пронајдена опрема за надзор во возилото на руското воено аташе во Хаг“, се вели во соопштението.
Се додава дека на холандскиот дипломат му било кажано дека е неопходно да се преземат итни мерки за спречување на вакви инциденти „спротивно на одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи“, пренесе ТАСС.
Руското Министерство за надворешни работи нагласи дека ваквите потези не се пријателски и дека „ги комплицираат веќе напнатите билатерални односи“.
Преземено од: http://rs.n1info.com/