Директорот на ЈП „Улици и патишта“, Смаиловиќ фатен со кокаин, Шилегов го разреши – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 3:00 PM

Директорот на ЈП „Улици и патишта“, Смаиловиќ фатен со кокаин, Шилегов го разреши

Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата.

За разрешувањето објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. – Почитувани, дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП „Улици и патишта” – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша Шилегов на неговиот Фејсбук профил.
Во полицискиот билтен вчера беше објавено дека на 15 август во 22.40 часот на ул.„Владо Малески” во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Смаиловиќ веќе три години е директор на ова претпријатие како кадар на СДСМ. Неговото разрешување предизвика лавина коментари под објавата на Шилегов.  „Се додека се ставаат партиски потрчковци на на функции,способните ќе бегаат од државата а неспособните ќе седат во фотељи“, „Зошто, баш беше стручен за линии“, „Сигурно поради здравствени причини, проблем со синусите“, се само дел од коментарите.