Доналд и Меланија Трамп, заедно со нивниот син Барон, се вратија во Вашингтон по изминатиот викенд поминат во голф-клубот Трамп во Њу Џерси. Додека се симнуваа од претседателскиот авион, првата дама на САД двапати го избегна обидот на нејзиниот сопруг да ја фати за раката.
Додека се симнуваа по скалите, американскиот претседател се обиде да ја фати сопругата за рака два пати, но Меланија успешно тоа го избегна, држејќи го фустанот наместо Трамп.
Силен ветер и ја дуваше косата на Меланија со што на видеото не може да се види никаква реакција или дали таа одговорила кога Трамп и се обратил по неуспешните обиди да ја фати за раката.
MOMENTS AGO: President Trump, First Lady Melania, and Barron arrive at Joint Base Andrews from Morristown, NJ. pic.twitter.com/f6z3m5gx8w
— The Hill (@thehill) August 16, 2020
Ова не е прв пат Меланија да е ладна во јавноста кон својот сопруг и одбива да се држи со себе за рака.
Преземено од: http://rs.n1info.com/