Довчерашниот фудбалер на Челзи, Педро, денес слета во Рим пред да стави потпис на тригодишен договор со „римската волчица“.
Педро како слободен играч ќе заигра во Сериа А во редовите на Рома, а ќе се задржи во во тимот на Фонсека до 2023 година.
Педро, заедно со Вилиан, кој неодамна потпиша со Арсенал, остана до крајот на пост-корона сезоната со сините од Лондон, иако договорот му истече на први јули и професионално ја обработи сезоната и им помогна на Челзи да се квалификуваат во Лигата на Шампионите следната сезона.
По ангажирањето на Вернер и Зијеш, јасно беше дека повеќе нема место за искусните Вилиан и Педро во екипата на Лампард и затоа двајцата ја променија стредината во текот на летниот трансфер период.