Карантинот донесе нов тренд на фарбани коси: Светли и темни нијанси со смели бои – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 2:10 PM

Карантинот донесе нов тренд на фарбани коси: Светли и темни нијанси со смели бои

Карантинот кај многу жени разбуди желба да го променат изгледот и да си играат со бојата на косата. Сега кога животот постепено се враќа во нормала, социјалните мрежи се преплавени со нов тренд во форма на дво-тонска коса, што подразбира контраст на светли и темни нијанси.

Тоа е тренд кој е идеален за дами кои сакаат значителна промена, но не се подготвени да поминат еден час на фризер. Имено, можете сами да одредите која должина на коса ќе ја обоите од коренот па надолу во контрастна боја.

Додека некои жени се одлучуваат за тенка линија по самиот корен на косата, други се толку храбри што ја бојадисаат целата горна должина на косата во светла боја. Директна инспирација за оваа фризура која ги освои социјалните мрежи беше пејачката Дуа Липа и нејзината кратка боб фризура во која предните шишки и беа обоени во светло сина нијанса.

https://www.instagram.com/p/CDOqmXYsgIm/

https://www.instagram.com/p/CAv-TAXhLBK/

Бројни славни дами се приклучија кон овој тренд, а помеѓу нив и пејачката Кејти Пери која покажала како изгледа со портокалова несекојдневна боја на косата.

https://www.instagram.com/p/CDEi0ADHYdF/

Актерката Хиалри Даф се одлучила за малку посини прамени.П

Преземено од: https://stil.kurir.rs/

https://www.instagram.com/p/B-5QP2gjqqr/