На Инфективна клиника во Скопје почина 35 годишна жителка на велешко Бузалково – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 2:03 PM

На Инфективна клиника во Скопје почина 35 годишна жителка на велешко Бузалково

Жената починала вчера утро на Инфективна клиника во Скопје откако во петокот на 14 август, околу 14 часот, била донесена на Инфективното одделение во Општа болница Велес. Имала тешка клиничка слика за што специјалистите по инфективни заболувања веднаш обезбедиле место и жената била пренесена на клиника во Скопје.

-На Инфективно одделение во велешка болница немаше време да и беше направен тест на коронавирус. Лошата клиничка слика претпочиташе згрижување во Ковид болница. Тоа беше веднаш организирано и жената беше пренесена на Клиника за инфективни заболувања и фебрилни состојби во Скопје. За жал вчера претпладне нашата јавна здравствена институција беше информирана дека жената починала, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.

Според достапните информации на здравствените работници во Велес починатата жена не боледувала од хронични болести. Тие засега немаат информации за резултатот од нејзиниот тест на коронавирус.

Убавка Јаневска