Ако имате проширени порни или сакате да направите пилинг и да ги отстраните мртвите клетки од кожата, оваа маска е токму за вас. Покрај тоа, на кожата ќе и обезбедите влажност и ќе ја нахраните, што директно влијае на намалување на борите на вашето лице
За подготовка потребно ви е:
*пола шоља мед
*три супени лажици свеж исцеден сок од портокал
*една лажица морска сол
Измешајте ги овие состојки да добиете густа смеса и маската е подготвена за користење.
Нанесете на сува, чиста кожа и оставете ја 15 минути да делува, а потоа добро измијте го лицето со млака вода.
Како оваа маска делува на вашата кожа?
Медот е богат со антиоксиданси и ја поттикнува регенерацијата на ткивото. Длабински ја храни кожата и го враќа сјајот. Лимонската киселина од портокалот ќе го изедначи тенот и ќе ги отстрани сите флеки на вашето лице. Додека морската сол е задолжена за пилингот и отстранување на мртвите клетки кои го нарушуваат изгледнот на лицето.
Преземено од: https://stil.kurir.rs/