Може не се туширате секој ден во исто време, но најверојатно туширањето го правите наутро или навечер и за тоа имате своја причина.
Некој од нас обожава утринско туширање бидејќи не може да замисли излегување од дома без да поминат под тушот, додека другите предност и даваат на вечерната рутина.
Исто така, некој сака долго туширање и повеќе внимаение посветуваат на квалитетот на гелови и сапуни, додека други се тушираат многу брзо.
Дерматологот Лорета Киралдо открива кои навики се подобри и поздрави за нашето тело.
Утринското туширање е добро решение и за луѓето кои имаат масна коса и за оние кои имаат сува. Туширањето како утринска рутина ќе ве освежи во секој случај кога ќе се разбудите испотени.
Но тогаш многу често може да го прескокнете вечерното туширање, што никако не е добра идеја.
Имено, во текот на денот, нашата кожа акумулира нечистотија и маснотии, како и пот и остатокот од козметички производи за нега на кожата кои сме ги нанеле на кожата.
Ако се тушираме во текот на утрото, може во кревет да ги внесеме бактериите од кожата во креветот.
Дерматологот вели дека утринскиот туш освежува и расонува, особено ако водата е студена затоа што многу студии покажале дека студениот утрински туш ја зголемува дневната продуктивност.
Од друга страна, вечерниот туш ќе ве смири после напорен ден. Туширање еден час пред спиење ја намалува основната температура на телото и ви помага полесно да заспиете.
Преземено од: https://www.srbijadanas.com/