Највисока температура на земјата – 54,4 степени измерени во Калифорнија – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 1:26 PM

Највисока температура на земјата – 54,4 степени измерени во Калифорнија

Највисоката температура на земјата, измерена во неделата во Националениот парк „Долина на смртта„ во Калифорнија изнесува 130 Фаренхајтови степени или 54,4 Целзиусови.

Температурата е потврдена и од американскиот Национален метеоролошки институт, пренесува „Би-Би-Си“.

Минатата недела западниот брег во САД го зафати топлотен бран со пеколни температури, кои неделава се очекува и да растат.

Ваквиот пораст на температурите доведе до дводневни прекини во електродистрибутивната мрежа во Калифорнија.