Дојранскиот „Д-фест” ќе се одржи на 22 август – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 12:00 PM

Дојранскиот „Д-фест” ќе се одржи на 22 август

Јубилејното 10. роденденско издание на „Д-фест” годинава поради корона кризата ќе се одржи во скратено издание, на 22 август, потврдија денеска организаторите.

– Тој ден на главната бина во Дојран ќе настапат популарни домашни музички имиња како „Суперхикс”, „ЛД Пистолеро”, „Бон Праскиза” и уште неколку, а бројот на посетителите ќе биде ограничен на 30 отсто од предвидениот капацитет, велат организаторите.

Поради неможноста јубилејниот роденден да се прослави традиционално, со богата тридневна програма, големото официјално фестивалско издание е презакажано за 2021 година во периодот од 2 до 4 јули кога меѓу артистите, кои досега се потврдени, ќе биде и Кеј-Вај Мани, синот на Боб Марли.

– Сите кои имаат набавено билети за фестивалот до 30 јули ќе можат да присуствуваат на двете фестивалски изданија, годинашното едновневно и на големото роденденско издание догодина на кое ќе е придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци,велат од организацијата на фестивалот.

MIA