Иако му се случуваат чести гафови, а и во јавноста се појавува ретко, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, според анкетите, има голема предност пред Доналд Трамп на неполни три месеци пред претседателските избори.
Според страницата „Реак клер политикс“, која дава просек на сите релевантни анкети на национално ниво, Бајден во моментот има 7,9 проценти предност пред Трамп и, што е најважно, водел во во повеќет клучни држави.
И покрај тоа, многу аналитичари не мислат дека Бајденовата победа уште отсега е сигурна.
„Трамп ќе направи се’, тој е бескрупулозен“, вели демократот Лихтман.