Без печалбарите, на полошкиот крај тешко му се пишува – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 7:35 AM

 Без печалбарите, на полошкиот крај тешко му се пишува

Освен што не се присутни физички печалбарите, тие ретко праќаат пари кај своите роднини во Македонија. Податоците говорат дека за разлика од лани над 70 отсто е намален трансферот на пари кои нашите го праќаат во земјава.

Без печалбари и без помошта која во девизи ја праќаат нашите од странство лошо му се пишува на полошкиот, ако знаеме дека овој крај буквално преживува од печалбарите. Фирмите кои се занимаваат со трансфер на пари, велат дека многу малку кој гастарбајтер се одлучува да пушти пари кај своето семејство, затоа што и тие се во неизвесност и се плашат поради економската криза од коронавирусот

Голем дел од семејствата од полошко преживуваа со парите кои им ги праќаа печалбарите, велат познавачите на приликите

Одредени статистики говорат дека 20 отсто од БДП е резултат на парите кои ги трошат или праќаат печалбарите кај своите роднини.

З.Д.