Време: Денес и утре претежно сончево, попладне на места пороен дожд – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 6:02 AM

Време: Денес и утре претежно сончево, попладне на места пороен дожд

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 31 степен. УВ=7. Тоа е пргнозата на УХМР за денеска.

И утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. В среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на неделава.