Автомобилист со своето возило удрил во редар на ридско-брзинската трка во Пробиштип, по што го истиот загубил животот на овој спортски настан.
Автомобил прво излетал од патеката, удрил во ангажираното лице по што тој паднал во провалија и загинал.
Овие трки се официјални и организирани од автомобилистичката федерација по што организаторот мора задолжително да ангажира редари кои треба да ја осигураат патеката и публиката да биде на прописно растојание.
– Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва ! На крајно небезбедна патека без банкини која не знаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата, наведуваат од таму.
Реакции за настанот на социјалните мрежи и од присутни на настанот.
„Нека почива во мир, а АФМ нека се запраша дали вака треба да се организира официјална трка. Да напоменам дека на местото каде што бевме дел од гледачите имаше место означено за официјален судија, а истиот го немаше. При тоа доаѓаа некои од организацијата и го бараа т.е самите не знаеја кој е и каде е“, напиша еден од гледачите.
фактор.мк
фото-независен.мк