Туристите бегаат од Хрватска, колони долги и по три километри- Се заоструваат корона мерките во соседните држави – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 5:15 PM

Туристите бегаат од Хрватска, колони долги и по три километри- Се заоструваат корона мерките во соседните држави

Откако Италија и Австрија ја вклучија Хрватска на списокот на високо ризични земји, поради зголемувањето на бројот на заразени со корона вирусот, многу туристи од тие земји решија предвреме да го прекинат одморот. Предупредувањето до Австријците поради патувањето во Хрватска е на сила од утре, па многумина не сакаат да ризикуваат евентуално воведување на карантин.

Сообраќајот е зголемен на крајбрежните патишта,  пристаништата за траекти, на повеќето  патишта кон внатрешноста, како и на некои гранични премини каде е можно подолго чекање (повеќе од еден час), јавува порталот Индекс. На патиштата во близина на одморалиштата и крстосниците има застој и колони. Во правец од Загреб, кон наплатната станица Лучко, колоната е долга околу два километра, а кај наплатната станица Демерје, околу три километри.

Кон границата со Словенија, колоната возила понекогаш е долга околу три километри.

Порталот потсетува дека, според одлуката на италијанската влада, сите лица кои доаѓаат во Италија од Хрватска мора да имаат негативен тест за коронавирус кој не е постар од 72 часа или да бидат тестирани во рок од 48 часа од влегувањето во Италија.

Транзитот низ Италија во моментов не е ограничен, така што не е потребен негативен тест во овој случај. Истата мерка ќе стапи на сила утре за Австрија.

Вирусот корона се шири, пред сè, преку луѓето кои се враќаат од одмор, особено од Хрватска“, рече Курц во разговорот со новинарите.  Според него, тоа е причината поради која Австрија донесе одлука да издаде предупредување за патување во Хрватска, што ќе стапи на сила на полноќ. Курц истакна декаа сите оние што се вратиле од Хрватска во Австрија од 7 август, односно кои се враќаат до полноќ, постои можност за бесплатно тестирање, и апелираше до граѓаните да ја искористат таа можност.

Поради загрижувачкиот развој на вирусот корона во земјите од Западен Балкан, Курц побара зголемени контроли на здравствените власти на границите, поради што разговараше со провинциските власти и министерот за здравство, Рудолф Аншобер.

Тој изјави дека младите сочинуваат најголем број пациенти, дека обично се асимптоматски и дури не забележуваат дека се заразени.

„На тој начин, тие ги заразуваат членовите на семејството и ги загрозуваат старите лица“, предупреди Курц“

Од иста причина и Словенија размислува да воведе карантин само са младите луге на возраст од 15 до 35 години.