Нов штрајк на вработените во „Еурокомпозит“ – ММС
ММС

Објавено на: 06/25/18 12:46 PM

Нов штрајк на вработените во „Еурокомпозит“

Синдикатот на наменската фабрика и загубар „Еурокомпозит“ го реактивира штрајкот поради неисполнените најави дека ќе се решаваат проблемите и статусот на оваа фирма.

Претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски денеска на прес конференција реагираше дека поминале два од трите месеци во кои според најавите, требало да се решат состојбите,  но според него, сепак нема нема никаква најава за тоа:

„Причината поради која повторно стапивме во штрајк е неисполнетото ветување од Владата. Ветено беше дека последниве три месеци ќе се реши проблемот, а еве изминаа два месеца, а ништо од тоа. Требаше секој месец да ја земаме, барем, минималната плата, а ние повторно добивме по 7.000 денари, што значи за четири месеци вкупно добивме 17.000 денари. Во првиот месец требаше да заминат како технолошки вишок повеќе од 100 вработени, но таа постапка не е започната. Овојпат сме решени да инсистираме на конечно решавање на состојбата и да не почнуваме со работа. Една од причините поради која вработените се револтирани што претседателот на бордот на директори, заедно со претставникот на државниот капитал, не сакаа да одржат Собрание се додека не им се исплати платата од 18.000 денари“.

Во настојувањата да добиеме одговор од директорот на „Еурокомпозит“ Златко Граороски од управата кратко беше речено дека директорот настојува да најде решение за, како што рече, со години напластените проблеми во компанијата  – пренесе Македонската информативна агенција.