Фејзбук изгледа почна со реализацијата на својот план за спојување на опцијата за допишување на сите свои платформи, но тоа засега го прави постепено.
Некои корисници на Истеграм веќе на своите апликации Android и iOS платформи добиле известување за можноста за допишување со пријателите кои што користат Фејзбук, односно Фејзбук Месинџер.
Познатата „иконка“ на хартиен авион за дирекно праќање на пораки сега е заменето со логото на Месинџер.Се уште не е можно разменување на пораки со корисниците на Фејзбук, но таа опција наскоро ќе стане достапна за корисниците.
Новото ажурирање, му носи поинаков изглед на четот, како и опции за одговор на пораките со повлекување на прстот преку нив, пишува Engadget.
Телеграф.рс