Чоколади со марихуана- Обид за шверц на 26 килограми дрога во Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 4:29 PM

Чоколади со марихуана- Обид за шверц на 26 килограми дрога во Албанија

Три лица беа уапсени во Албанија, во пристаништето Драч, за обид за шверцување 26 килограми чоколадо со марихуана.

Уапсени се управителот и двајцата возачи на автобусот што шверцувале чоколадо со канабис од Италија. Уапсените албански државјани имаат 31, 49 и 59 години, од трите града Драч, Тирана и Пермет.

Марихуаната е запленета, а случајот е предаден на обвинителот во Драч.

Фото: mondo.rs