Народната банка апелира нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 12:46 PM

Народната банка апелира нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти

Народната банка денеска преку соопштение ги повика сите субјекти да ги почитуваат нејзината самостојност и независност и нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти.

– Народната банка е институција со уставно и законски гарантирана самостојност и независност, којашто при остварување на своите законски утврдени цели и задачи се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните, се вели во соопштениот од Кабинетот на гувернерката на Народната банка.

Во соопштението се нагласува дека токму ваквата независност и професионалноста во остварувањето на целите и задачите на Народната банка е она што со години наназад ги гарантира одржувањето на стабилноста на денарот, банкарскиот систем, односно финансиската и севкупната макроекономска стабилност.

– Оттаму, повикуваме сите субјекти да ги почитуваат самостојноста и независноста на Народната банка и нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти, се додава во соопштението на Народната банка.