(фото)На возачката дозвола нaмасто нејзината слика, ставиле стол – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 12:27 PM

(фото)На возачката дозвола нaмасто нејзината слика, ставиле стол

Неверојатна грешка се случила во една постапка при  продолжување на возачката дозвола.

Многу често се жалиме  дека на возачката дозвола не сме излегле баш најдобро. Сликата помага да бидеме идентификувани во различни ситуации, а замислете само да добиете дозвола без вашата фотографија.

Тоа и’ се случило на една дама од сојузната држава Тенеси во САД, Џед Дод, кога ја продолжувала својата дозвола, а назад ја добила без нејзината фотографија. На тоа место имало само празен стол.

Оваа нејзина „дозвола“, ја објавила на социјалните мрежи и сите добро се насмеале.

Како што било изјавено за тамошните медиуми, службеникот се збунил во текот на процедурата и по грашка го ставил столот. Сепак набргу работата била средена.