Во ТМВ Мерцедес пронајдени 90 мигранти, возачот избегал но го фатиле – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 10:41 AM

Во ТМВ Мерцедес пронајдени 90 мигранти, возачот избегал но го фатиле

Во товарно возило на патото неготино-градско, Полицијата открила 90 мигранти.Возачот избегал, но набргу бил фатен и приведен од Полицијата.Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.

„На 15.08.2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки. Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско“, се вели во соопштението од МВР.

При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно  од Еритреја). Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став  4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.