Битолчанец загина во сообраќајка на патот од Охрид кон Свети Наум – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 10:01 AM

Битолчанец загина во сообраќајка на патот од Охрид кон Свети Наум

Едно лице го загуби животот, пет се потешко повредени во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на маистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот „Инекс”.

До несреќата што се случила во 1:40 часот изутринава дошло при судар на три возила – „Цитроен Ц3″ со битолски, „Волксваген Голф” со охридски и „Волксваген Пасат” со прилепски регистерски таблички. Со „Цитроенот” управувал И.К (27) од Битола, кој со тешки телесни повреди бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” каде им подлегнал на повредите здобиени во несреќата.

Во сообраќајката се повредени уште неколку лица, од кои пет лица потешко. Повредените М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга се префрлени на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, додека во Д.Р.(25) од Скопје, Б.Р.(23) од Охрид и уште едно лице од Битола се хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо”.

Две лица повредени во несреќата после укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Екипа на полицијата, заедно со Јавен обвинител и судски вештак извршија увид на лице место, за утврдување на причните и околностите што довеле до несреќата.

МИА