Терористи преку социјалните мрежи собирале пари за акција, запленети 2 милиони долари во биткоини – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 9:49 AM

Терористи преку социјалните мрежи собирале пари за акција, запленети 2 милиони долари во биткоини

Стручњаците уште од порано предупредуваа дека терористите лесно може да ги прифатат криптовалутите за финансирање на своите операции. Сега тоа и се случи.

Три големи терористички организации, военото крило на Хамас-,,Бригади на Ал Касама“, Ал Каеда и ИД-одлучиле да организираат донаторска акција за прибирање на пари за своите акции.

Тие со помош на социјалните мрежи и официјалните сајтови, од своите истомисленици побарале донации во биткоини.

Акцијата, меѓутоа, ја откриле американските власти и веднаш тргнале во акција.

Како што соопшти американското Министерство за правда, вастите успеале да преземат контрола над една од страниците и  уплатите ги пренасочат во својот, наместо во виртуелниот паричник на Хамас, наведува Ројтерс.

Припадниците на Ал Каеда, од друга страна , барале донации за купување на оружје по пат на апликација за допишување со кратки пораки, додека припадниците на ИД го користеле својот интернет сајт и ФБ страна и преку ноив продавале лажна заштитна опрема од корона вирусот и на тој начин прибирале средства.

Интересно е тоа што во оваа акција ништо не било скриено. Терористите мислеле дека се заштитени бидејќи апликациите користат енкрипција, изјавил за Ројтерс еден од американските агенти.