Опасна дрога со ликот на Трамп се продава на нарко-пазарот – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 9:03 AM

Опасна дрога со ликот на Трамп се продава на нарко-пазарот

Британската полиција ја предупреди јавноста да ги избегнува таблетите екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи се многу опасни.

Како што се наведува, еден маж е уапсен под сомнение дека го снабдувал пазарот со портокалови таблети.

„Криминалците постојано наоѓаат нови начини за продажба на дрога и ги прават попримамливи. Видовме пред тоа таблети МДМА произведени во форма на разни предмети од популарната култура, а неодамнешен пример се оние во форма на Доналд Трамп, рече детективот Рајан Брнс.

извор-независен.мк