Веста дека Александар Лукашенко е избран за претседател на Белорусија по шести пат, не е најдобро примена низ целиот свет затоа што многумина веруваат дека изборите биле лажирани. Во поранешната советска република демонстрантите излегоа на улиците на насилни протести, а полицијата одговори со тоа што дури пукашеврз нив, при што повредено едно лице. Полицијата уапси повеќе од 1.000 луѓе низ целата земја.
По повод реизборот на Лукашенко и протестите што беа присилно задушени, зборуваше и Чак Норис. Легендарниот актер испратил бизарна видео-порака до Лукашенко во која му се заканувал.
“Здраво, јас сум Чак Норис. Сакам да кажам нешто на Саша, наречен Саша Зеро Процент и г-дин Тавтабита. Знаете дека кога ќе исечам кромид, кромидот плаче. Ако не престанете да го правите тоа што го правите, ќе дојдам во една од твоите резиденции и ќе те натерам за заплачеш “, рече 80-годишниот Американец.
Видеото продолжува со бизарни монтирани сцени како Ќак Норис пука од пушка и „погаѓа глупави луге“.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=12&v=HgiWHrjRg7I&feature=emb_logo