Подгответе се за секс во природа за да не ви преседне – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 7:43 PM

Подгответе се за секс во природа за да не ви преседне

Иако повеќето ќе се согласат дека сакаат да експериментираат и да пробуваат нови работи во сексот, исто така ќе се согласат и дека некои работи се многу подобри во еротските филмови отколку во реалноста. Една од тие работи е сексот во јавноста. Можеби сексот во кревет е досаден и ви станал рутински, но еве што треба да знаете пред да се впуштите во секс во природата.

Како што пишува AskMen, сексот во автомобил е многу попривлечен за младите луѓе кои претежно живеат со своите родители, така што им недостасува простор да водат убов. Освен ако немате лимузина или комбе, сексот во автомобил обично вклучува стегнати нозе, гужвање на седиште и наведнување на главата за да таа не удира во кровот на автомобилот.

Сексот додека возите звучи многу повозбудливо отколку што навистина е, и обично се сведува на орално задоволување на возачот. Во моментите на врв лесно се губи контрола над автомобилот, што е исклучително опасно.

Друго место што се чини идеално во филмовите е тушот. Често е тешко изводливо, особено ако туш кабината е мала. Пенетрацијата е често невозможна и додајте ги на тоа лизгавите површини и го добивате вистинскиот рецепт за непријатна повреди.

Многумина се возбудени само размислувајќи за секси масажа како предигра, но за да испадне совршено, треба да обрнете внимание на неколку работи. Прво, мирисот на маслото што го користите треба да биде неутрално или благо за да не го уништите бакнежот кога станува збор за вашите усни. Второ, важно е да се користи она за тело, затоа што обичното масло може да доведе до иритација и воспаление на гениталиите. Истата работа е совнесување на најразлична храна додека водите љубов – таа всушност само ве мачи и создава многу непотребна работа. Можеби звучи романтично и возбудливо, но сексот на плажа може да биде доста непријатен. Песок, карпи, камчиња … Ако немате подлога или барем крпа, ќе завршите како оние во автомобилот – со разни грчеви и незгодни пози.