Екипата на ПСЖ пред три дена го елиминираше изненадувањето на сезоната во Лигата на Шампионите, италијанска Аталанта и тоа во последните моменти од мечот и го руши сонот на бергамистите за овогодишно финале во Лисабон.
ПСЖ ќе се подновува во летниот трансфер период, а посебен акцент ќе стави на засилувањата во одбрана, со оглед на тоа дека Тиаго Силва го напушта клубот, а претходно десниот бек Томас Муние замина во Дормтунд како слободен играч. Како прво име кое се споменува во дефанзивата се јавува белгискиот интернационалец, Тимоти Кастањ.
Парижаните за неговиот потпис ќе имаат конкуренција од англиски Лестер, но спортскиот директор Леонардо се надева дека проектот на ПСЖ и Томас Тухел ќе бидат доволна причина десниот бек да го одбере „градот на светлината“ и да се придружи на Нејмар и Килијан Мбапе.