(Вознемирувачко видео) Александар го уби полицијата, тврдат пријателите на белорускиот демонстрант – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 7:15 PM

(Вознемирувачко видео) Александар го уби полицијата, тврдат пријателите на белорускиот демонстрант

Александар Тараиковски беше убиен за време на неодамнешните протести во белоруската престолнина.  Неговата смрт за време на демонстрациите во Минск остана под необјаснети околности.

На социјалните мрежи се појави видео, за кое се тврди дека го претставува моментот, како што изјавиле пријателите на Тараиковски, за убиството на нивниот пријател од страна на полицијата.

Иако првично беше објавено дека Тараиковски е убиен кога експлозивна направа експлодирала во неговата рака, споменатото видео покажува поинаку.

На видеото се гледа Тараиковски како стои пред полицискиот кордон со рацете кренати во воздух за време на демонстрациите, каде што паѓа на земја по неколку секунди.

Денес се одржа погребот на демонстрантот, на кој присуствуваа илјадници луѓе, а оние собрани побараа оставка на досегашниот претседател, Александар Лукашенко.

Извор: mondo.rs