Џими Батлер: „Не ми е гајле, не ми се потребни пријатели во меурот во Орландо“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 6:45 PM

Џими Батлер: „Не ми е гајле, не ми се потребни пријатели во меурот во Орландо“

Џими Батлер без сомнение е вистинскиот лидер на младата и полетна екипа на Мајами Хит сезонава, која игра одлична и ефективна кошарка со многу трчање и разновидност од сите позиции.

Во пресрет на плејофот на НБА лигата во „меурот“ во Орландо, Џими Батлер за американските медиуми зборуваше за односите со останатите кошаркари од другите екипи, осврнувајќи се на Ти-Џеј Ворен и ѕвездата на Оклахома, Крис Пол.

Батлер низ годините стекна репутација на играч што често знае да влегува во конфликти и да застане на страната на своите соиграчи, а тоа се случи и на последниот меч од регуларната сезона на екипата на Споелстра, кога Батлер влезе во физички дуел со Крис Пол, откако поранешниот плејмејкер на Клиперси и Рокетси, интенционално го фрли баскетот врз Данкан Робинсон во немоќ поради загубениот претходен нивен дуел.

-Не сакам кога се однесуваат така со моите млади момци. Мислам дека тоа не е потребно и не треба да се прави. Тоа што јас го направив во следниот напад беше класично „око за око“. Не ми е гајле, не ми се потребни пријатели овде во баблот, јас дури не ја ни напуштам мојата соба. Во собата си ја гледам својата работа, изјави Батлер за емисијата „Тhe Jump’’.

Некогашниот ас на Чикаго Булс зборуваше и за очекувањата во плејофот и за двобојот во првата рунда со Индијана Пејсерс, непосакуван противник и уште помалку посакуван ривал.

-Висока е конкуренцијата, но мора да играме кошарка. Знам дека имаме работа за завршување. Но, знам дека оваа група на играчи што ја имаме, ќе направи се да прогресираме понатаму во плејофот, додаде Батлер.

Индијана Пејсерс во дуелот со Мајами ќе влезе десеткувана, особено ќе се одрази отсуството на годинешниот Ол-Стар играч, Литванецот, Демантас Сабонис.