Урната на писателката Исидора Бјелица беше положена денес во розариумот во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
Само најблиското семејство на починатата писателка дојде да ја положи урната.
Урната беше поставена веднаш до могилите на Слободан Јовановиќ и Милорад Павиќ.
Исидора Бјелица почина во Белград на 5 август, на 52-годишна возраст, по долги години борба против ракот.
Таа е автор на повеќе од 40 книги посветени на различни генерации, а освен тоа има напишано неколку претстави и радио драми.
Беше во брак со Небојша Пајкиќ, со која имаше две деца, Лав Григориј и Вила Евангелина.
Извор и фото: alo.rs/