Баерн Минхен ја демолираше Барселона во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, а еден од „тивките херои“ на Баварците со сигурност беше младиот канадски лев бек, Алфонсо Дејвис.
Дејвис, кој инаку во претходниот тим Ванкувер во МЛС играше на позицијата напапаѓчко крило, уште еднаш вчера покажа дека е еден од најдобрите таленти во светот на фудбалот и дека Баерн Минхен во своите редови има дијамант, за кого допрва светот ќе слушне.
Канаѓанецот одлично играше и во двете фази во нападот, а во 63 минута неговата феноменална игра кулминираше со дриблингот против Нелсон Семедо и асистенцијата до неговиот колега од одбраната, Џошуа Кимих.
Еден од најдобрите леви бекови во историјата на играта, фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, во текот на натпреварот на социјалната мрежа „Инстаграм“ го прокоментира изданието на Дејвис, изразувајќи огромно задоволство од прикажаното против вечниот ривал на мадриѓани, Барселона.
-Носиш радост во моите очи кога те гледам како играш, дете, кратко напиша Марсело.
Баерн Минхен во полуфиналето во ЛШ ќе игра со подобриот од дуелот Манчестер Сити и Лион.