Легендата на југословенската кошарка и иконата на Сакраменто Кингс, Владе Дивац, официјално се повлекува од фунцкијата генерален менаџер на франшизата од Калифорнија.
Неговото делување низ годиниве во повеќе наврати беше доведувано до прашање, откако ја пропушти шансата пред две години да го избере Лука Дончиќ на НБА драфтот и околу него да го создава новиот и конкурентен тим на Кингси.
Сепак, очекувањата беа дека Дивац ќе остане на функцијата до истекот на неговиот договор во 2023 година.
-Ми претставуваше чест и привилегија да биде генерален менаџер во Кингси. Би сакал да му се заблагодарам на Вивек на приликата и почитта од сите неверојатни колеги со кого имав задоволство да работам во мојот мандат овде. Сакраменто и Кингси секогаш ќе имаат посебно место во моето срце и им посакувам се најубаво во иднина, изјави Владе Дивац.
Челниците на поранешниот финалист на Западот исто така изразија огромно задоволство за взамената соработка во изминатите години и на местото од Дивац го назначија некогашниот освојувач на два прстени со „лошите момци“ од Детроит, Џо Думарс.
-Џо стана еден од најверните и највреднуваните советници откако се приклучи на франшизата минатата година и благодарни сме што го имаме во ова исклучително важно време за Сакраменто Кингс, концизен е Ренадив.
Кингси годинава ја завршија со скор 31-41 и не успеаа да се пласираат во плејофот четиринаесетти пат по ред.


