Барселона на „фабричко ресетирање“, Баерн Минхен немилосрден – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 3:03 PM

Барселона на „фабричко ресетирање“, Баерн Минхен немилосрден

Кој би рекол дека Баерн со Ханси Флик, долгогодишниот асистент на германскиот селектор Јоаким Лев, ќе стане, или барем ќе наликува на оној моќен Баерн Минхен од 2013 година, по бавниот и анемичен старт на сезоната со хрватскиот стручњак Нико Ковач.

Германскиот гигант, не само што ја елиминираше шпанска Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите и прогресираше во следната рунда, туку германскиот гигант ја демолираше, надигра и постигна осум голови во 90-те минути одиграни на стадионот во Лисабон.

До десеттата минута од натпреварот, ситуацијата не навестуваше таков развој на настаните. Томас Милер отвори и го доведе Баерн во водство, а три минути подоцна Давид Алаба постигна ефективен автогол кој во моментот значеше изедначување и изедначен двобој во најава. Изедначен беше, но само во првите 20 минити. Потоа, германската машина се запали.

Иван Перишиќ по додавањето на Серж Гнабри шутираше од левата страна и го совлада Тер-Штеген. Одбраната на Барселона почна да се распаѓа, германскиот чувар на мрежата беше практично оставен сам на себе.

До полувремето, Баерн ја дуплираше предноста и во соблекувална отиде со 4:1 во однос на Каталонците. Тука веќе беше јасно кој е полуфиналистот што ќе игра со победникот од дуелот Манчестер Сити-Лион, прашањето беше со кој резултат ќе се затвори спектакуларната вечер во Португалија.

Одличниот соло продор на Луис Суарез и „кршењето на кичмата“ на Боатенг, не ги потресе Баварците премногу и до крајот на мечот постигнаа уште четири голови и окончувајќи го резултатот 8:2.

Нивниот фудбалер кој е позајмица во Баерн Минхен, по влегувањето од клупа во 75 минута, постигна два голови и еднаш му асистираше на Роберт Левандовски, засрамувајќи го тимот на Кике Сетиен. Кутињо не се радуваше, како да му беше и нему непријатно поради високиот резултат.

-Јас сум повреден, сите сме. Не можеме вака да се натпреваруваме. Многу е тешко. Нема што повеќе да се каже. На клубот у се потребни промени. Не само во играчкиот кадар, туку насекаде, изјави Жерард Пике по мечот. И тоа е точно, на Барселона му се потребни промени.

Старата слава и држењето до Меси не успеваат секогаш, особено не против најсилните колективи во европскиот фудбал. Промените ќе започнат со Кике Сетиен, на кого ова му беше последниот меч со Барселона во кариерата. Како негова замена се споменуваат Чави Ернандез и Маурисио Покетино.

-Тешко е да се објасни, нашиот тим е во неверојатна форма. Ви благодарам за наградата „играч на натпреварот“, но од 15 фудбалери, барем 12 ја заслужуваат истата награда. Тешко е да бидеме поразени, многу беше забавно денес, изјави Томас Милер веднаш по победата.

Победникот од последниот меч од четвртфиналето помеѓу Сити и Лион, ќе оди директно на мегдан со залетаниот и фаворитот за освојувањето на ЛШ, Баерн Минхен.