Арон Ремсдејл ќе го менува Дин Хендерсон на голот на Шефилд Јунајтед. Според „Скај Спортс“ „сечилата“ ќе платат 18.5 милиони фунти за услугите на младиот и талентиран англиски голман и тој од сезоната 2020/21 ќе го носи црвено-белиот дрес.
Двете страни ја договориле сумата која треба да се исплати за трансферот, остануваат да се договорат персоналните услови со Англичанецот кој имаше одлична сезона во испаднатиот Борнмут и беше една од посветлите точки во лошата сезона на тимот од јужна Англија.
Ремсдејл се приклучи во Борнмут во 2017 година и тоа за еден милион фунти, а изминатата сезона бранеше на 37 мечеви во Премиер Лигата.