Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка” АД Скопје, истакна во интервјуто за МИА Борче Хаџиев, директор на Фонд за сигурување на депозити.
Тој, по случувањата со „Еуростандард банка”, уверува дека депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен.
Сепак, депонентите-физички лица коишто имаат депозити во „Еуростандард банка” АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.
Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка” АД Скопје.
Со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со денот на одземање на дозволата за работа на банката, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.
Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката
Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во „Еуростандард банка” АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.
Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на „Еуростандард банка” АД Скопје. За ова нема потреба од дополнително барање/пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица.
Фондот нема надлежност во обезбедувањето на средствата од стечајната маса, вели Хаџиев.
Во интервјуто меѓу другото се вели дека институцијата има долгогодишно искуство во спроведување на успешни процеси на обесштетување на депонентите. Од 1997 година, кога е основан Фондот, до сега се обесштетени депоненти на 11 наши поранешни членки: Унипроком штедилница, Алмако банка, Мит штедилница – Куманово, Експорт Импорт банка а.д. Скопје, Радобанк Скопје, Штедилница Киро Ќучук – Велес, Македонска банка АД Скопје, Инко штедилница ДОО Скопје Фершпед штедилница, Штедилница АМ, и Штедилница Интерфалко. Процентот на обесштетување изнесува 90,2 проценти што е еден од највисоките во Европа.
Со оглед на малиот процент на учество на „Еуростандард банка” АД Скопје во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, 1,3 отсто, 1,7 проценти и 1,6 отсто, соодветно, воопшто не се доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем, вели Хаџиев.
фото : илустрација


