Српскиот министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денескa дека со одлуката граѓаните на Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија да мора да имаат негативен PCR тест за влез во Србија „се дефинираат некои односи во регионот”.
– Тие четири земји имаат слични услови за граѓаните на Србија, со тоа што Србија ја изема Црна Гора од оваа одлука, кажа Дачиќ на ТВ Прва.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ оцени дека Србија не ја интересира какви мерки ќе преземат некои далечни земји, но е заинтересирана за мерките што ги воведуваат државите од регионот, како Романија, Северна Македонија, БиХ, Црна Гора…
-Србија е една од ретките земји што дозволува влез на странците. Ги отворивме границите за да можат странците слободно да доаѓаат. Тоа беше сторено, затоа што не беше утврдено дека тука има некои проблеми, немаше ни многу странци. Имавме коректни односи со Унгарија, тие го либерализираа влезот за нашите граѓани, но со другите имаше многу проблеми. Понекогаш мора да имате и реципрочни мерки, кажа Дачиќ.
Говорејќи за состојбата со епидемијата во Србија, тој изјави дека Србија ќе има предност во набавка на вакцини против вирусот, заради специфичните односи со државите кои поминале најдалеку во нејзиниот развој – Кина и Русија, додавајќи дека Белград има добри односи со Западот.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ гостувајќи на ТВ Прва изјави дека во Вашингтон, за време на состанокот во септември меѓу претставниците на Белград и Приштина, организиран од специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел, главна тема ќе биде економијата.
-Ова е прашање на меѓусебно надметнуваме околу тоа кој ќе ја организира средбата, а има и притисок врз некои да не учествуваат. Никој не може да изврши притисок врз Србија, иако некои се лути што учествуваме, посочи Дачиќ.
Во врска со идната српска влада тој рече дека не знае дали неговата партија (СПС) ќе биде во новата влада на Србија и посочи дека е важно да се формира влада која ќе го штити националниот интерес