- 450 гр мелено месо
- 200 гр чадена сланина
- 1 кромид
- зачини за мелено месо бибер, буковец, мешан сув зачин, мешавина од зачини за месо,
- 6 јајца
- 1 кг компир
- 5 лажици пченкарно брашно
- 4 лажици бело брашно
- 2 пецива
- 100 гр кисела павлака
- 100 гр сирење
Дополнително
- 100 гр кашкавал или моцарела
Ова е рецепт за богата пита која е одлична како заменски ручек или што би се рекло ручек од една тава.
Подготовка
1. Кромидот ситно го сечкаме и го запржуваме на свинска маст или масло додека да омекне.
2. Ја додаваме сланината исечкана на коцки и неа ја упржуваме.
3. Го додаваме меленото месо, го упржуваме и му додаваме зачини. Го тргаме на страна да подолади.
4. Киселата павлака и ренданото сирење ги соединуваме.
5. Брашната и пецивото ги соединуваме.
6. Компирите ги рендаме и кон нив ги додаваме сите останати состојки, најпрво сувите, па павлаката со сирењето, јајцата и на крај меленото месо.
7. Целата смеса ја соединуваме со лажица и ја истураме на намрсено тавче.
8. Печеме во загреана рерна на 200 степени, а при крај на печењето питата ја наросуваме со рендан кашкавал и ја враќаме повторно во рерна за да ни се растопи кашкавалот.
9. Сервираме откако малку ќе подизлади, со по една полна лажица кисела павлака.
извор : https://moirecepti.mk/


