Нова тужба: Инстаграм излажа повеќе од 100 милиони луѓе , па понуди 650 милиони за спогодба – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 12:22 PM

Нова тужба: Инстаграм излажа повеќе од 100 милиони луѓе , па понуди 650 милиони за спогодба

Компанијата на Facebook  е во центарот на нов скандал заради кршење на приватноста на своите корисници, а овој пат тоа е преку Инстаграм апликацијата.  Инстаграм се обвинет дека илегално прибирале биометриски податоци, пишува америчката агенција Bloomberg.

Минатиот месец , социјалната мрежа понуди 650 милиони долари за спогодба во судскиот процес во која е тужена за илегално прибирање на биометриски потадоци, но спогодбата е одбиена.

Во новата тужба, поднесена на судот во Редвуд, Калифорнија компанијата е обвинета за собирање , чување и заработка од биометриски податоци од повеќе од 100 милиони корисници без нивно знаење и согласност.

„ Тужбата е неоснована. Инстаграм не користи технологија за препознавања на лица“, напиша Стефани Отвеј, портпаролката на Facebook во соопштениетп како одговор на поднесената тужба.

Корисничка на Инстаграм Кејли Велјен од Илионис наведе во тужбата дека таа друштвена мрежа ја користи од 2011 и дека таа го крши законот за приватност со кој е забрането собирање такви податоци без дозвола на корисниците. По законот во Илионис, Инстаграм би можел да биде казнат и да плати оштета од 1.000 долари по секое кршење на право или 5.000 долари, ако се открие дека е тоа направено со намера.

Дури на почетокот на оваа година Инстаграм почна да ги известува своите корисници за зачувување на биометриските податоци, се наведува во тужбата. Во предупредувањето стои: „Ако воведеме технологија за препознавање на вашето лице на Инстаграм, за тоа ќе ве известиме и вие ќе одлучите дали да го користиме тоа “.

 

 

извор : mondo.rs