Во сириското подрачје на Џераблус кое се наоѓа на границата со Турција, е извршен терористички напад со мотоцикл-бомба, при што животот го загуби еден цивил, додека шестмина цивили се повредени, јавува Анадолија.
Во центарот на Џераблус кој се наоѓа во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат” во северниот дел на Сирија, експлодираше бомбата која била поставена на мотоцикл во местото во близина на зградата на локалното собрание и Болницата на Џераблус.
Во терористички напад, загина еден цивил, додека шест цивили се повредени.
Локалните безбедносни сили извршија испитување во местото на настанот.
Се претпоставува оти нападот бил извршен од страна на ЈПГ/ПКК.