Зголемена фреквентност на ГП „ Ќафасан“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 11:22 AM

Зголемена фреквентност на ГП „ Ќафасан“

Граѓаните изгледа се повеќе се одлучуваат за престој во соседна Албанија, каде за влез во државата не е потребен негативен тест на коронавирус. Според web камерите на ГП „ Ќафасан“ , за влез во Република Албанија забележана е поголема фрекфентност за разлика од останатите гранични премини, каде едвај се забележува по некое возило.

Од денеска, инаку Грција одлучи забраната за влез на македонски државјани да биде продолжена до 31 август.

 

 

 

фото : АМСМ