Дизни го угаси брендот ” 20th Century Fox” – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 10:59 AM

Дизни го угаси брендот ” 20th Century Fox”

Еден од најпознатите брендови во историјата на филмската ТВ индустрија, веќе не постои, затоа што сопственикот, компанијата „ Волт Дизни“, објави дека од денеска ќе се вика само ” 20th Television”.

Потегот следи откако Дизни го исфрли името Фокс од своите “20th Century Fox” филмови уште во јануари. Инаку, Дизни минатата година склучи договор вреден 71 милијарди долари и го купи имотот на компанијата Фокс.

„ Познатото лого и насловната картичка на која се испишани зборовите ” 20th Television” , поставени над рефлекторите ќе останат исти само што нема да бидат испишани зборовите ” century” i ” fox”. Новата именка и логотипи на студиото означуваат нов ден за “ABC Signature” , ” 20th Television” и ” Touchstone Television” и истовремено оддаваат чест на нивната богата историја и создавањето на силата на компанијата Волт Дизни “, рече претседателот на телевизиските студија Крејг Ханегс.

Новото лого и графика ќе се појават во новите епизоди на оваа ТВ куќа кои ќе се емитуваат од есенва.

Старите наслови, кои веќе се емитувани, ќе го задржат некогашното лого и име.

 

 

 

извор : rtv.rs