Последние податоци на „Worldometer“, интернет-страницата на која се достапни информациите за епидемиолошката ситуација, покажуваат дека како последица на вирусот досега починаа 763.387 лица. Бројот на заразени од почетокот на пандемијата е 21.357.890, додека оздравени се 14.151.766 лица.
Моментално активни се 6.442.737 случаи на коронавирусот.
Во Соединетите Американски Држави, кои подолго се епицентар на вирусот во светот, заразени се 5.476.266 луѓе, а има 171.535 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Земји со повеќе од 200.000 заразени се Бразил (3.278.895), Индија (2.527.308), Русија (912.823), Јужноафриканска Република (579.140), Перу (516,296), Мексико (511,369), Колумбија (445,111), Чиле (382.111), Шпанија (358.843), Иран (338.825), Велика Британија (316.367), Саудиска Арабија (295.902), Пакистан (288.047), Аргентина (282.437), Бангладеш (271.881), Италија (252.809), Турција (246.861), Германија (223.774), Франција (212.011).
Земји, освен САД, со повеќе 5.000 смртни случаи од Ковид-19 се: Бразил (106.571), Мексико (55.908), Индија (49.148), Велика Британија (41.358), Италија (35.234) и Франција (30.406), Шпанија (28.617), Перу (25.856), Иран (19.331), Русија (15.498), Колумбија (14.492), Јужноафриканска Република (11.556), Чиле (10.340), Белгија (9.924), Германија (9.289), Канада (9.020), Холандија (6.167), Пакистан (6.162), Еквадор (6.030), Индонезија (6.021), Турција (5.934), Шведска (5.783), Ирак (5.709), Аргентина (5.527) и Египет (5.124).


